Групна супервизија, деловно однесување на пазарот и дигитализацијата во осигурувањето, се теми на Регионална конфернеција што се одржува вчера и денес во Охрид.
Домаќин на конференцијата е Агенцијата за супервизија на осигурување, во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS).
На конфернцијата ќе учествуваат претставници од регулаторните тела и институции надлежни за супервизија на осигурување од регионот на Централно-Источна Европа, Централна Азија и Кавказскиот регион. Говорници ќе бидат експерти од регулаторни тела, научни институции и други релевантни инстуции.
Регионалниот семинар претставува одлична можност за размена на знаење и искуство меѓу супервизорите од областа на регулативата и спроведувањето на супервизијата на осигурување и воедно можност да се воспостават поблиски односи за идна соработка меѓу регулаторните институции.