Последниве две години цената на струјата е стабилна. Со воведувањето на евфтината тарифа првата година кај граѓаните останале 8, а оваа 11 милиони евра вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Со новините кои ги донесе либерализацијата на пазарот, сите корисници од јануари ќе имаат опција да си изберат компанија од која ќе купуваат струја а наскоро ќе можат и сами да ги проверуваат и споредуваат цените кои ги нудат снабдувачите.Инаку според последните статистички податоци цената на струјата во земјава е најниска во Европа. Европските статистичари аналазираат дека цената на електричната енергија кај нас е пониска за 55 % од европскиот просек. Најскапа електрична енергија плаќаат данските и германските семејства,а сметките за струја се убедливо најевтини на Балканот.