Како што предходно најавивме дека Регулаторната комисија денеска ке одлучува за промена на цената на горивата,пред неколку минути таа ги објави новите цени.
Од вечерва малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 1.21%.
Од вечерва на полноќ за половина денар ќе се зголеми цената на ЕУРОСУПЕР-95, и еден литар од ова гориво ќе чини 68 денари. Непроменета останува цената на ЕУРОСУПЕР-98, и еден литар од ова гориво ќе продолжи да се продава за 69.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за еден денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 59.50 денари.
Овие цени стапуваат во сила вечерва после полноќ.