Според шефот на меѓународниот монетарен фонд Кристине Легард, само прашање на време е пред дигиталните валути да се стават под државна регулатива. Според неа повеќе од јасно е дека ни треба супервизија затоа што веројатноста е голема дека низ овие валути се перат многу од средствата на организираниот криминал. Оваа изјава доаѓа како надополнување, откако минатата недела Франција и Германија преку своите министри за финансии изјавија дека ке ја засилат контролата на дигиталните валути во своите земји.
Тргувањето со овие валути веќе е забрането во Кина, Јужна Кореа и Индиа. Во САД комисијата за тргување веќе спроведува разни истраги поврзани со измамите на некои Крипто-компании и тргувачи.