ЕСМ пред два дена информира дека работата на РЕК „Осломеј“ е во прекин поради пукната цевка. Оттаму посочија дека овој дефект често се случува во термоелектраните и брзо се санира.

По два дена откако прекина со работа, РЕК „Осломеј“ од денеска повторно е вратен на мрежа откако беше саниран дефектот на котелот, информираа денеска од владината прес-служба.

ЕСМ пред два дена информира дека работата на РЕК „Осломеј“ е во прекин поради пукната цевка. Оттаму посочија дека овој дефект често се случува во термоелектраните и брзо се санира.

„Во РЕК ‘Осломеј’ заврши санацијата на дефектот во котелот и термоелектраната е вратена на мрежа денес, порано од што беше планирано“, се наведува во владиното соопштение.