Минатата година во Германија бил зголемен бројот на повлечени лажни евро банкноти во споредба со претходната година, објави Централната банка во Франкфурт на Мајна.
Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 отсто во споредба со 2022 година и изнесуваше 56.000, соопштуваат од Централната банка.
Вкупната штета предизвикана од употреба на лажни банкноти изнесува 5,1 милион евра. Истовремено, најголема штета е направена со банкнотите од 200 и 500 евра, преку трговијата со накит, златни шипки, часовници и автомобили.