Продажбата на пивото во Германија падна на 4,6 милијарди литри во првата половина од годината, што е најниско ниво во последните децении, соопшти денес Федералното биро за статистика.
Производителите на пиво веруваат дека падот на продажбата од 2,7 проценти во однос на истиот период минатата година беше резултат на постудениот мај и зголемената продажба лани во јуни, на почетокот на Светскиот куп.
Пивата измешани со освежителни пијалоци, кои сочинуваат пет проценти од вкупната продажба, забележале мало намалување од 1,5 проценти.
Во статистиката не влегуваат безалкохолните пива кои стануваат сè попопуларни, јави ДПА.