Продажбата на електрични и плагин хибридни возила пораснала во 2023 година за дури 31%, но стапката на раст е за 50% пониска отколку во претходната година, покажуваат податодите на компанијата за истражување на пазарот Rho Motion.
Темпото на раст забавува, но тоа и се очекува на пазарите кои бележат силен раст. а пазарот за електрични и хибридн модели е во таква ситуација. Не може секоја година за има дупли раст, велат од Rho Motion.
Стапката на раст на продабата на електрични возила главно била во склад со прогнозата. Rho Motion, кој очекуваше 30% раст на продажбата. За 2024 година компанијата предвидува раст во распонот од 25% до 30%.
Во декември минатата година бил соборен месечниот рекорд со продадени 1,5 милиони возила, велат од Rho Motion. Целосно електричните возила чинеле 9,5 милиони од вкупните 13,6 милиони возила на погон на струја, а остатокот отпаѓа на плагин хибридни модели.
Во САД и во Канада продаѓбата на целосно електрични возила се зголемила за 50%, во Европа за 27%, а во Кина за 15%, според податоците на Rho Motion.
Во Европа помалите електрични автомобили учествувале само со 8% од продажбата, но тоа би требало да се смени откако на пазарот ќе пристигнат одели како Citroen eC3/