Халкбанк АД Скопје нуди Relax потрошувачки ненаменски кредит со животно осигурување за сите клиенти. Осигурителната полиса овозможува заштита на Вашиот имот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
За Relax потрошувачкиот кредит на клиентите, Халкбанк АД Скопје им нуди фиксна каматна стапка за првите 2 години со рок на отплата до 120 месеци, БЕЗ трошоци за одобрување и БЕЗ трошоци за предвремена отплата на кредитот. Овој тип на кредит може да се користи за тековни потреби, а исто така и за рефинансирање на постоечки кредити од други банки.
Relax потрошувачкиот кредит е со максимален износ до 1.200.000 МКД и е достапен за сите клиенти кои својата плата или пензија ја примаат во Халкбанк АД Скопје.
Повеќе информации може да се добијат во најблиската експозитура на Банката или на следниот линк : Потрошувачки кредит – Халк Банка.