Тутунопроизводителите од општина Конче реaгираат на слабата проценка од откупните компании на тутунот од ланската реколта. Тврдат дека годинава и покрај одличниот квалитет што го има произведено, добиваат ниски класи.
Спoред нив откупните компании си поигрувале со нивната мака иако одгледувањето и произвдоство на суров тутун е нивната егзистенција.
Тутунарите во Конче ги посети и министерот за земјоделство Трајан Димковски. На средбата присуствувале и преставници и од откупните компании и преставници од здруженијата на тутунопроизводители каде се разговарало за динамиката на откуп бидејки производителите стравуваат дека нема да бидат откупени сите количини од ланската реколта.
„Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат се што е во нивна моќ за тутунот да биде откупен во целост, согласно договорените количини“ – стои во информацијата од МЗШВ по посетата на Димковски во Конче.
Досега во земјава се откупени околу 20 милиони килограми тутун од ланската реколта што преставува околу 80 одсто од произведените и договорени количини. Просечната цена по килограм тутун според МЗШВ изнесува 222 денари.