(Време за читање 7 минути)

Продолжуваме онаму каде што застанавме. Во последната статија ви објаснив малку повеќе за Лајткоин и кои се неговите добри и лоши страни. И зошто е добра монета да инвестирате. Денес ќе разгледаме уште една монета, која е исто така во првите 5 монети покрај Биткоинот. Иако Рипл е монета со најниска цена на пазарот во споредба со Лајткоин, Етериум, Биткоин Кеш, сепак се смета за монета со голема вредност.

ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ: Сакам да ве предупредам – јас ​​не сум правен финансиски советник. Пред да инвестирате во било која од криптовалутите, треба да направите дополнителни истражувања и да разговарате со правен финансиски советник. Јас сум крипто ентузијаст, а моите мислења во врска со криптовалутите се едноставно образовни и информативни.

Кој стои зад Рипл?

Компанијата што го изгради протоколот “OpenCoin” беше кооснована од извршниот директор Крис Ларсен и неговиот помошник Џед МекКелеб. Двајцата од нив доста искусни во крипто и финансискиот свет. Во 2012 година тие го лансираа Рипл (XRP). Компанијата е со седиште во Сан Франциско, но има канцеларии во Њујорк, Лондон, Сиднеј, Индија, Сингапур и Луксембург.

Како функционира Рипл?

Главната цел на Рипл е да создаде глобална мрежа за порамнување, која ќе обезбеди поефикасни трансакции меѓу светските финансиски институции. Оваа платформа е дизајнирана да им овозможи на корисниците да префрлаат пари од една валута во било која друга валута за неколку секунди, насекаде низ светот. Нивната цел е многу амбициозна, да се елиминира потребата од постарите системи како што се Western Union, Money Gram или SWIFT. Замислете го Рипл како систем за трансфер на пари, каде што двете страни користат свој посредник за да ги добијат парите.

Ајде да го разгледаме ова со едноставен пример:

Климент треба да му испрати 100 долари на Сашо кој живее во друг град. Тој и ги дава парите на неговиот посредник Билјана, за да му испрати на Сашо пари заедно со лозинка, која лозинка Сашо треба да ја одговори правилно за да ги добие парите. Билјана го предупредува посредникот на Сашо, Јован за деталите на трансакцијата, примателите и лозинката. Ако Сашо му ја каже точната лозинка на Јован, Јован ќе му ги даде 100 долари. Сепак, парите коишто Климент ги испрати за Сашо, доаѓаат од сметката на Јован, што значи дека Билјана ќе му должи 100 долари на Јован. Јован има две опции: Тој може да води дневник за сите долгови на Билјана, кои што Билјана ќе му ги исплати на договорен ден. И втората опција, Јован може да направи контра трансакции кои би го балансирале долгот. На пример: Ако Јован има друг клиент Мартин, а Мартин треба да и пренесе 100 долари на Сашка чиј посредник е Билјана, ова би ги балансирало 100-те долари долг на Јован, бидејќи Сашка ќе биде исплатена од сметката на Билјана. Звучи едноставно нели?

Иако мрежата Рипл е малку посложена од овој пример, примерот ги прикажува основите за функционирањето на системот. Од примерот можеме да видиме дека е потребна доверба за да се иницира трансакција. Рипл не работи на систем за доказ за работа како Биткоин. Рипл користи медиум познат како ПОРТАЛ кој служи како врска меѓу двете страни кои сакаат да извршат трансакција. Порталот делува како посредник кој прима и испраќа валути на јавни адреси преку мрежата на Рипл. Секој или било кој бизнис може да се регистрира и да отвори портал кој го овластува лицето да дејствува како посредник за размена на валути и пренос на плаќања во мрежата.

Многу често терминот Рипл се користи неправилно, па ајде да ги погледнеме точните термини:

XRP – е името на дигиталната валута која ги олеснува трансакциите на мрежата Рипл. XRP дејствува како мост помеѓу две валути што се пренесуваат. XRP е софтвер со отворен код на блокчејн кој работи на peer-to-peer мрежата.

 

Ripple – е Aмериканска технолошка компанија која го развива Рипл протоколот за плаќање и мрежата. Првично познат како OpenCoin, подоцна се тргуваше како Ripple Labs, а од 2015 година како Ripple.

 

RippleNet. – е мрежата на снабдувачи на плаќања на Рипл низ целиот свет. Ги поврзува различните мрежи за плаќање на банките, давателите на плаќања, размената на дигиталните средства и корпорациите и може да прифаќа и девизни и криптовалути.

 

Во овој момент, глобалната индустрија за испраќање на пари (дознаки / remittance) е огромна и не постојат многу добро организирани меѓународни мрежи за да се справат со прекуграничните плаќања. Рипл се обидува ова да го реши. Банките, финансиските институции и други бизниси со пристапувањето во глобалната мрежа на Рипл може веднаш да ги процесираат плаќањата на своите купувачи насекаде во светот, сигурно и ефективно.

 

Пример: Да речеме дека Банката А во САД сака да и испрати 5 милиони долари на Банката Б во Франција. Наместо конвертирање на американски долари во евра, разни девизни курсеви, надоместоци за обработка и бавно време на трансакција, банката А може да префрли XRP во вредност од 5 милиони долари на Рипловиот паричник на банката Б, која што може да се конвертира во локална валута или во евра. Плаќањата се многу брзи до 4 секунди, а минималната трансакциска цена во моментот за стандардна трансакција е 0.00001 XRP. Мрежата на Рипл во моментов е способна за постојано ракување со 1500 трансакции во секунда. Досега Рипл е стабилен од неговото пуштање со повеќе од 35 милиони трансакции без никакви проблеми. Рипл е ажуриран за во иднина да може да се прошири до нивоата на VISA која може да процесира и до 50.000 трансакции во секунда. Се чини дека на многу банки им се допаѓа Рипл, а и провајдерите на исплата се приклучуваат исто така.

За клучен конкурент на Рипл се смета Стелар (Stellar). Стелар нуди мрежа на дистрибуирани исплати за да обезбеди брзи и прифатливи прекугранични трансакции и исто така се потпира на сопствената валута Limens (XLM). Постојат многу сличности меѓу двата проекти: Најголемата е тоа што Стелар беше создадена од страна на Рипл ко-основачот Џед Меккелеб. Но, постојат и некои разлики. Најголемата разлика е во тоа што Рипл се фокусира на банки и корпорации, додека целта на Стелар е да обезбеди евтини финансиски услуги за луѓето во земјите во развој.

XRP има 100 милијарди монети. Почнувајќи од мај 2018 година, во циркукација се нешто помалку од 40 милијарди монети. Компанијата поседува 60% од вкупната понуда на XRP. Повеќето од монетите (некаде околу 55 милијарди XRP) се заклучени на девизна сметка, со цел до секој месец да се ослободуваат по 1 милијарда монети во период од 55 месеци.

Рипл беше и сеуште е доста критикован. Критиките доаѓаат од Биткоин и други блокчејн ентузијасти кои велат дека централизираната контрола на Рипл е во директен контраст со идеалите и предностите на децентрализираните блокчејни како Биткоин.

Најголемата пречка во остварување на целта на Рипл за глобална доминација е нејзиното усвојување (или недостатокот) од страна на банките и финансиските институции ширум светот. Ако повеќе банки се приклучат на мрежата, ова би можело да ја поттикне побарувачката за XRP и ќе привлече други банки да се приклучат на платформата.

Прашањето е: Зошто банките би користеле надворешна компанија и нова криптовалута кога би можеле сами да започнат сопствен приватен блокчејн? SWIFT моментално поврзува повеќе од 11.000 светски финансиски институции преку сопствена мрежа и работи на сопствени испитувања на блокчејн технологија. Visa исто така тестира сопствена опција за прекугранично плаќање базирано на блокчејн, така што Рипл нема да може така лесно да влезе и да земе голем дел од пазарот без борба.

Во меѓувреме, Рипл најави одлични партнерства со Сантандер, Унибанко (Бразил), Манимеч (Малезија) и други банки, финансиски институции. Исто така тие најавија дека Western Union и Money Gram тестираат трансакции користејќи Рипл технологија.

Со партнерства и силна финансиска поддршка, Рипл е главен играч во криптовиот свет. Оваа валута е дизајнирана да направи мост помеѓу традиционалната банкарска индустрија и новата ера на дигитални валути. Може ли Рипл да му се спротистави на стариот начин на функционирање на финансиската индустрија во светот? За тоа се уште е рано. Ќе треба да почекаме и да видиме.

До следната статија…… ОДБЕРЕТЕ ПАМЕТНО!

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук                 http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте  се на мојот блог     https://darkokipariz.blogspot.com/