Кина е најголемата закана за Британија на долг рок, изјави кандидатот за британски премиер Риши Сунак, јави ДПА. Изјавата на Сунак е показател дека доколку тој стане премиер, Британија ќе заземе многу потврд став кон Кина.

Во последниве месеци, ривалката на Сунак за лидерство и премиер на Конзервативната партија, Лиз Трас, исто така зазеде построг пристап кон Кина во нејзината улога како министер за надворешни работи.

Сунак вети дека ако дојде на власт, ќе ги затвори кинеските институти Конфучие во Британија.

Институтите Конфучие, кои се финансирани од кинеската влада, учат кинески јазик и култура, но нивните критичари тврдат дека тие се канал за кинеската пропаганда, јави ДПА.