Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти новата цена на парното.
РКЕ потврди дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика.
-Клучно е да се каже дека просечната цена на гасот е значајано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна сезона нема да има. Анализите се во тек. Се очекува одржување на главната седница денеска, каде и ќе се донесе одлуката. Над 90 отсто домаќинства добиваат парно од државната ЕСМ во која спаѓаат три фирми-ќерки, снабдување, производство и дистрибуција, а плус се и топланата „Скопје Север“ и Енергетика, истакнуваат од РКЕ.
Грејната сезона започнува на 15 октомври и трае до 15 април. На системот за парно греење во Скопје се приклучени 63 000 домаќинства. Од нив, 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 се на железарското парно, а 400 домаќинства на Топлификација Север.