Директорот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција информираше дека регулаторната комисија има поднесено иницијатива со која се бара зголемување на обемот на ранливите категории на потрошувачи кои користат субвенции од државата при плаќање на електрична енергија.
-Од околу 2.000 граѓани кои беа земени како примерок кои што ја користат оваа помош откриено е дека за жал кај околу 70 проценти од нив не се води дека тие се корисници на тие броила, тоа ни претставува голем проблем, но верувам дека тоа ќе се надмине во следниов период, објасни Бислимовски.
Во однос на тоа на кој начин ќе бидат дадени субвенциите тој напомена дека комисијата има изработено два предлога
-Ние имаме два предлога, првиот е граѓаните да добиваат ваучер кој што ќе го користат при плаќање на сметките за електрична енергија или пак директно од буџетот на државата да се префрлат соодветни средства на универзалниот снабдувач и за тој износ што ќе се добие за конкретното домаќинство да се намали нивната сметка за електрична енергија исто така според она што го увидовме најдобар пристап ќе биде доколку се поделат домаќинствата врз основа на приходи така да домаќинствата чии што приходи се во рамките на минималната кошничка ќе добиваат најголема помош, па потоа како ќе се зголемуваат приходите на домаќинството точно одредена сума од оваа субвенција од државата ќе се намалува затоа што сепак не треба да заборавиме дека постојат и категории на домаќинства кои што немаат проблем да си ги покријат своите трошоци за електрична енергија, изјави Бислимовски.