Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.