Технолошката ефикасност ќе резултира со најголем прекин на работните места во американската банкарска индустрија во својата историја, со проценето намалување на околу 200 000 работни места во текот на следната деценија, се вели во извештајот на „Велс Фарго и Ко“.

Околу 150 милијарди американски долари годишно потрошени од технолошките фирми на технологија – повеќе од која било друга индустрија – ќе доведат до пониски трошоци, со тоа што исплатите на вработените учествуваат со половина од сите банкарски трошоци, рече Мајк Мајо, виш аналитичар во „Велс Фарго“.

Банкарската филијала, телефонскиот центар и вработените во корпоративното кредитирање ќе се намалат од 20% до 30%, додека департмантите за  технологијата, продажбата и консултантските работни места се помалку засегнати, се вели во студијата.

„Тоа ќе биде драматична промена во контакт-центрите, и тие што се внатрешни и тие што се надворешни ( аутсорсинг ) “, рече Мајкл Тан, партнерот на Делоит, кој ја предводи практиката за иновации во глобалните финансиски услуги, се вели во извештајот на Велс Фарго.

Мајо се придружи на директорите на банките, консултантски фирми и другите во очекувањето за огромни намалувања на работната сила во банкарството, под притисок за автоматизацијата.

McKinsei & Co. во мај, изјаија дека очекуваат бројот на вработените во банкарските услуги – банкари и консултанти, историски гледано како највисоки трошоци на финансиските компании – да се намали за речиси третина со растот на роботите и технологијата.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк