Родителите во Франција ја тужат владата во обид да ја натераат да ги открие производителите на детски пелени што содржат опасни хемикалии, пишува The Telegraph.
Овој потег доаѓа откако националната здравствена агенција Anses во јануари објави дека трагите на потенцијално токсични супстанции, вклучувајќи го и контроверзниот weedkiller glyphosate, ги надминале безбедносните граници кај одредени пелени, без именување брендови. Министерот за здравство, Ањес Бузин, вели дека “нема сериозен или непосреден ризик” за бебињата.