Проширувањето на Европската унија е еден од главните приоритети, а Планот за раст и реформската агенда не се замена за полноправното членство туку алатка за да се поддржат подготовките на земјата, вели евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани додава дека алатките на Унијата не се само формален чекор, туку опиплива можност за подобар живот.
Двајцата ги лоцираа областите каде што државата најмногу доцни во реформската агенда. Инаку, ЕУ за Македонија предвиде 750,4 милиони евра за периодот од 2024 до 2027 година, пари обезбедени од Реформската агенда од Планот за економски раст на Западен Балкан.