Романската влада ќе воведе нов данок на бакишишот во рестораните и хотелите во септември, четири години откако не успеа првиот обид.
Според претставниците на туристичката индустрија, мерката беше предложена за да се зголеми заработката на вработените и да се подобри стабилноста на работната сила.
Министерството за финансии проценува дека оданочувањето на бакшишите може да ги зголеми фискалните приходи во време на големи фискални дефицити, бидејќи на владата и недостасуваат пари за да се покрие зголемувањето на трошоците за плати и пензии.
Идејата за оданочување на бакшишите за прв пат се дискутираше во почетокот на 2015 година, кога владата донесе регулатива за вонредни состојби, принудувајќи ги компаниите да ги регистрираат ретроградно бакшишите во посебна фискална сметка и да платат данок од 16 проценти.
Владата ја укина мерката неколку недели подоцна затоа што романската даночна администрација, која се сметаше за несигурна и корумпирана, не беше во можност да обезбеди пристојна контрола на овој тип на приходи.
Сепак, туристичката индустрија ја поддржува идејата за оданочување на бахшиши, бидејќи тоа ќе го зголеми доброволното почитување и плаќањето на бакшиш преку банкарски картички.
„Во овој момент, износот што го плаќате со картичката се смета за заработка. Ова значи дека се оданочува со скоро 60 проценти. Денес, индустријата сака регулирање на бакшишите, што значи дека за износ од 100 романски леи данокот ќе биде 10 проценти. Тоа значи дека 10 проценти ќе одат на национално ниво и 90 проценти ќе останат за вработените “, вели Даниел Миши, генерален директор на ланец на ресторани.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк