Бугарското Министерство за финансии предложи даночна амнестија за непријавен приход за 2024 година, што предизвика лавина критики, а Романија веќе одлучи да им даде „даночен одмор“ на профитабилните криптовалути – односно добивката од овие средства нема да се оданочува одреден период (до средината на 2025 година).
Овој потег е особено изненадувачки во време кога новата влада најави кратења на многу бенефиции, зголемување на даноците и замрзнување на платите и пензиите во јавниот сектор, во обид да започне да го намалува огромниот буџетски дефицит, пишува „Сегабг“.
Според промената на законот, веќе одобрена од романскиот парламент, „физичките лица се ослободени од данок на добивката добиена од разликата меѓу добивката од инвестиции во виртуелни валути, стекнати за предпродажба и реализираните и добиени приходи во виртуелни валути до 31 јули 2025 година“.
Проценките се дека ослободувањето од даноци ќе ги поттикне сопствениците на криптовалути да ги објават своите приходи. Украина, Турција и Русија се водечката тројка во Европа по инвестиции во виртуелни валути. На глобално ниво, САД и Украина се на четврто и петто место, а Централна и Јужна Азија е регионот каде интересот за криптовалутите е најголем.