Романската влада подготви закон со кој се забранува рекламирање и изнајмување на нерегистрирани станбени имоти, што директно го загрозува работењето на онлајн услугите, како што се „Airbnb“ и „Booking.com“ и граѓаните кои заработуваат од тие услуги, пренесува Business Review.

Предлогот за мерки, вклучително и поедноставување на процедурите за регистрација на локалните тур-оператори, веќе е одобрен од романскиот горен дом.

Се проценува дека новиот закон ќе им помогне на големите туристички агенции со ограничување на конкуренцијата на поевтини, сопственици на независни недвижнини што ги претпочитаат многу локални и странски туристи.