Романија е држава во Европската Унија со највисок степен на инфлација во март, каде трошоците пораснаа за 5,1 процент на годишно ниво, објави ТВ Диџи 24, цитирајќи ги информациите презентирани од Евростат.
Истовремено, годишната стапка на инфлација во ЕУ продолжи да опаѓа во март на 2,5 проценти од 2,7 проценти во февруари.
Државите со најмал пораст на цените во март беа Франција (0,9 проценти), Данска (1,4 проценти) и Луксембург (1,5 проценти).
После Романија, најголем пораст на цените во март имаа Унгарија (4,8 проценти) и Полска (4,4 проценти).
Народната банка на Романија неодамна ја коригираше нагоре предвидената инфлација за крајот на годината од 3,5 проценти на 3,8 проценти и очекува таа да се намали на 3,1 процент до крајот на 2026 година, потсетува телевизијата.