За помалку од една година, вредноста на рубљата која во септември 2022 беше појака од денарот (1.11 на 25.09.2022), сега е речиси преполовена на 0,59 македонски денари).
Со падот на 95 рубли за долар продолжи константното слабеење на руската валута од почетокот на годината, кога за еден долар можеа да се добијат околу 65 рубли.
Со тоа од почетокот на годината рубљата изгубила околу 30 отсто од вредноста.
Рубљата денес вреди најмалку од 28 март 2022 година.
По почетокот на руската инвазија во Украина на 22 февруари 2022, рубљата падна на околу 120 за еден долар, но брзо се крена по мерките на руската централна банка.