Eкономистот Нуриел Рубини познат како Доктор Пропаст (Dr Doom), кој ја предвиде финансиската криза од 2008 година, тврди дека Биткоин е најголемиот меур во историјата и ќе пукне.
Тој е доследно скептичен во врска со биткоинот и вели дека ќе има многу шпекулирање за да се поддржат цените. Тој вели дека истото се случува кога луѓето купуваат и продаваат имоти за да манипулираат со берзата на недвижнини.
Исто така Рубини го анализира графиконот со вредноста на биткоин и прашува дали службите како Комисијата за хартии од вредност не треба „да почнат да ја разгледуваат оваа криминална активност?“
„Сметам дека сево ова околу биткоинот е еден џиновски меур бидејќи ова не е сериозен начин за плаќање, ниту добар начин за чување на капиталот“, вели тој.
„Биткоинот се храни сам од себе и нема основни причини неговата цена да остане на толку високо ниво“, објаснува тој.