Аналитичарите оценуваат дека тековниот пад на приходите се случува бидејќи рударите се под притисок од падот на обемот на трансакциите и зголемените тешкотии во рударството на биткоинот и намалувањето н наградите за 50%.

Приходите од рударите на биткоинот (BTC) достигнаа 827,56 милиони долари во август, што е за повеќе од 10,5% од постигнатото во јули, но за 5% повеќе од август минатата година, според податоците на Битбо.

Резултатот од август претставува пад од 57% од максимумот постигнат во март годинава кога биткоинот имаше цена од 73.500 долари, а приходите  изнесуваа 1,93 милијарди долари, пишува Cointelegraph.

Аналитичарите оценуваат дека тековниот пад на приходите се случува бидејќи рударите се под притисок од падот на обемот на трансакциите и зголемените тешкотии во рударството на биткоинот и намалувањето на наградите за 50%.

Просечните надоместоци како процент од блок наградата беа 2% во текот на август, а 30-дневниот просек на дневни потврдени трансакции го достигна годишниот врв на 31 јули на 631.648, а потоа на крајот на август падна на 594.871.

Зголемената тешкотија и намалената профитабилност на ископувањето биткоин доведе до тоа некои рудари да се свртат кон предавање на нивната компјутерска моќ на вештачката интелигенција.