Русија ја прекина испораката на нафта за Белорусија, а две белоруски рафинерии работат со минимален капацитет, објави денес белоруската нафтена компанија „Белнефтеим“.
„Руската нафта не се испорачува и рафинериите работат на минимално технолошки дозволено ниво“, наведуваат од белорускиот концерн.
Тие исто така рекоа дека Минск се обидува да склучи договори за снабдување со нафта, вклучително и алтернативни извори надвор од Русија.
Прекинот на руското снабдување со нафта дојде откако Белорусија објави дека на белорускиот дел од нафтоводот „Дружба“ ќе постави опрема за контрола на квалитет на нафтата.