Руската влада во петокот објави дека делумно ја укина забраната за извоз на дизел преку цевководи преку поморските пристаништа.
– Владата ги укина ограничувањата за извоз на дизел гориво што се доставува до поморските пристаништа со цевководен транспорт, под услов производителот да испорача најмалку 50 отсто од произведеното дизел гориво на домашниот пазар – се наведува во официјалното соопштение.
Ограничувањата за извоз на бензин остануваат на сила.
Владата ја зголеми извозната давачка за бензин од 20.000 рубљи на 50.000 рубли (494,5 долари) по тон за продавачите кои не се произведувачи. Владата од 1 октомври целосно ќе ги врати и субвенциите за рафинериите за нафта.
На 21 септември руската влада одлучи да го ограничи извозот на бензин и дизел гориво, а рускиот министер за енергетика Николај Шулгинов рече дека ограничувањето ќе остане во сила додека не се стабилизираат резервите на гориво и цените на домашниот пазар.
Русија, еден од најголемите светски производители на нафта, извезува околу 900.000 барели дневно (bpd) дизел гориво и 100.000 bpd бензин. Лани извозот на дизел од земјава изнесувал 35 милиони тони, а бензин 4,8 милиони тони.