Русија ќе изгради нуклеарна централа со мала моќност во Узбекистан, прва во постсоветска централна Азија, најави во понеделникот узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзиeев на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин.
Рускиот претседател пристигна во Ташкент во неделата, а со домаќинот, узбекистанскиот претседател Мирзиеев ќе разговара за билатералната соработка во политиката, трговијата, економијата и културата, јавуваат руските медиуми.
Мирзиеев на средбата изјавил дека Русија ќе изгради мала нуклеарна централа во Узбекистан, пренесува Reuters, додавајќи дека двајцата челници не дале детали за нуклеарниот проект.
Според документите објавени од Кремљ, руската државна компанија за нуклеарна технологија „Росатом“ ќе изгради до шест нуклеарни реактори од 55 мегавати во Узбекистан.
Со спроведувањето на овој проект Русија би покажала дека, покрај енергетиката, може да понуди и софистицирани технолошки производи на новите азиски пазари и покрај притисокот од западните санкции, забележува Reuters. Ниту една поранешна советска република во централна Азија нема нуклеарна централа, но Узбекистан и соседен Казахстан произведуваат ураниум и долго време размислуваат за нивна изградба
Благодарение на спроведувањето на стотиците договори на највисоко ниво одминатата година, се создаваат поволни услови за директни инвестиции: сега има речиси десет милијарди, а тоа е далеку од границата. Во Узбекистан веќе работат околу 3.000 претпријатија со руски капитал, забележува руската агенција RIA
На минатогодишниот состанок Путин со Мирзиеев и казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, започна испораката на гас од Русија за Узбекистан преку територијата на Казахстан, а Путин денеска во Ташекнт посочи дека „во моментов, извозот се врши многу пред предвиденото и ние сме подготвени да го зголемиме овој обем доколку е потребно“.
Рускиот претседател најави инвестиција од 400 милиони долари во заеднички инвестициски фонд за финансирање проекти во Узбекистан. Неговата вкупна вредност треба да изнесува 500 милиони долари.
Според претседателот Мирзиеев, Ташкент е заинтересиран и за купување поголеми количества руска нафта и гас. Во изминатите децении, улогите беа сменети и централна Азија извезуваше јаглеводороди во Русија, посочува Reuters.
Искористувајќи ја руската потрага по нови клиенти откако по почетокот на војната во Украина и западните санкции Москва го загуби интересот за европскиот енергетски пазар, Узбекистан почна да увезува руски природен гас во октомври минатата година. Иако сè уште произведува значителни количества, околу 50 милијарди кубни метри годишно, земјата одвај ја покрива домашната побарувачка и благодарение на испораките од Русија ја елиминира заканата од енергетска криза.
„Извозот (на гас) е значително помал од планираниот и ние сме подготвени да го зголемиме неговиот волумен доколку е потребно“, рече рускиот претседател.
Според претседателот Мирзиеев, Ташкент сака да увезува и руска нафта. Двајцата челници, исто така, истакнаа дека нивните влади работат на големи проекти во рударството, металургијата и хемиската индустрија.