Земјата е на пат да ги зголеми своите резерви повеќе, пред резервите на Саудиска Арабија, факт што им дава поголем глас на разговорите со ОПЕК

Променливиот биланс на моќ во нафтениот свет се претвора во нов индикатор – резервите на централната банка.

За прв пат по осум години, резервите на пари, злато и други средства на Руската централна банка се пред Саудиската централна банка – сигурен знак за зголеменото влијание на Москва во разговорите со водечките производители на нафта за тоа колку да се намали цената и продукцијата на “ црното злато “, истакнува Блумберг во својот материјал.

И додека Саудиска Арабија ги исцрпува своите резерви за да ги покрие трошоците за социјална исплата против поевтината нафта, Русија го затегнува појасот и успева да достигне суфицит на буџетот, во страв од нови санкции. Кремлин се повеќе станува одлучувачки глас во преговорите со земјите на ОПЕК, а финансиските промени се само уште еден сигнал за менување на силите меѓу главните играчи на нафтената сцена.

„ОПЕК повеќе не може да ја игнорира Русија поради нејзината важност како извозник на нафта и нејзината економија“, рече Елина Рибакова, заменик главен економист во Институтот за меѓународни финансии во Вашингтон.

Цената на меѓународниот репер Брент опадна за повеќе од 20% од почетокот на април и по завршувањето на седницата на американската берза во понеделник нејзината цена достигна далеку под она што повеќето земји од ОПЕК, вклучително и Саудиска Арабија, им треба за да ги задоволат потребите. Картелот и неговите партнери ветија дека во декември ќе го намалат производството, при што рускиот претседател Владимир Путин веќе сигнализираше дека е задоволен од вредноста на „црното злато“ на сегашното ниво.

Резервите на Русија пораснаа за импресивни 45% во последните четири години на вкупно 518 милијарди долари во јуни. Сепак, Саудиска Арабија се движи во спротивна насока, со резервите на земјата па во јуни се намалија на 527 милијарди.

Ова несовпаѓање значи дека Русија е пред Саудиска Арабија како четврта најголема земја во своите резерви.

Сепак, во голема мерка, финансиите на кралството се постабилни. Додека Фич го зголеми рејтингот на Русија на второто најниско ниво за инвестиции во петокот, сите три од водечките светски агенции за кредитен рејтинг ја оценија Саудиска Арабија барем за четири нивоа повисока.

Сепак, Кремлин се подготвува за уште пониски цени на нафтата. Русија, која сега го заснова својот буџет на околу 40 американски долари за барел – скоро половина од основното ниво ма Саудиска Арабија – веројатно ќе може да ги зголеми своите резерви за “црни денови“ уште повеќе.

„Путин е решен да ги минимизира ризиците од рефинансирање за Русија, така што тој поддржува одговорна фискална политика“, рече Чарлс Робертсон, главен меѓународен економист на Renaissance Capital.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк