Русија постојано акумулира злато во своите национални резерви, кои во моментов изнесуваат 548,7 милијарди американски долари
Русија произведе повеќе од 185,1 тони од скапоцениот жолт метал од јануари до јули годинава, според последните податоци објавени од Министерството за финансии на Руската Федерација.
Ова е пораст од 17,8% во однос на истиот период во 2018 година, кога обемот на производство на златни шипки беше скоро 157,2 тони, се вели во соопштението на Министерството.
Сепак, среброто не оствари ист напредок, бидејќи производството на овој метал падна за шест проценти во истиот период. Неговото годишно производство се намали од 585,3 тони во 2018 година на 549,9 тони во 2019 година.
Русија постојано акумулира злато во своите национални резерви, кои во моментов изнесуваат 548,7 милијарди американски долари. Резервите од злато вредеа околу 108 милијарди долари и надминаа 2.261 тони на 1 декември, според Централната банка на Руската Федерација. Набавката на злато од јануари до ноември годинава изнесуваше скоро 150 тони.
Апетитот на Москва за жолтиот метал расте, бидејќи Русија, заедно со некои други земји, ги диверзифицира своите резерви колку што е можно повеќе и подалеку од американскиот долар. До октомври годинава, централните банки ширум светот ги наполнија своите трезори со околу 562 тони злато, а годинава се очекува да се надминат минатогодишните глобални набавки на злато.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк