Членовите на трговскиот блок БРИКС – Русија, Индија и Кина – решија да ги поврзат своите системи за финансиски пораки за да ја заобиколат меѓународната меѓубанкарска мрежа за финансиски пораки, позната како SWIFT.
Алтернатива на системот за плаќање SWIFT би поврзал три милијарди луѓе, пренесува RT, додавајќи дека како дел од планот, системот за финансиски пораки на Русија SPFS ќе биде поврзан со прекуграничниот меѓубанкарски платен систем на Кина СИПС.
Иако Индија сè уште нема свој сопствен систем за домашни финансиски пораки, таа планира да ја комбинира платформата на Централната банка на Русија со домашната услуга што е во развој.
Во 2014 година Русија го започна развојот на СПФС по заканите на Вашингтон дека ќе ја исклучи земјата од СВИФТ.
Првата трансакција на мрежата СПФС, која е направена за една небанкарска компанија, е направена во декември 2017 година.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк