Владата на Руската Федерација одобри список на повеќе од 30 пријателски и неутрални земји, банки и брокери на кои ќе им биде дозволено да тргуваат на рускиот девизен пазар, како и на пазарот на деривати.
Станува збор за владина наредба потпишана од рускиот премиер Михаил Мишустин, се наведува на веб-страницата на неговиот кабинет.
Во владините документи е наведена листа на такви земји, на која се: Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Алжир, Бангладеш, Бахреин, Бразил, Венецуела, Виетнам, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Катар, Кина, Куба, Малезија, Мароко, Монголија, Обединетите Арапски Емирати, Оман, Пакистан, Саудиска Арабија, Србија, Тајланд, Турција и Јужна Африка.