Русија ќе биде исфрлена од глобалниот плтен систем СВИФТ. Ројтерс, повикувајќи се на неименуван гувернер на централна банка од земја во еврозоната објави дека одлуката ќе биде донесена деновиве.

„СВИФТ е прашање на кратко време. Се работи за денови. Дали ќе биде тоа доволно? Не. Дали е потребно? Апсолутно. Санкциите имаат смисла само ако постои штета на двете страни, а ова ќе биде скапо“, вели гувернерот за ројтерс.

Украинскиот претседател Зеленски денеска изјави дека и италјнаскиот премиер Марио Драги во телефонски разговор му рекол дека ја поддржува идејата за исфрлање на Русија од СВИФТ. Најгласна за оваа идеја е Велика Британија, а Германија и САД се против.

Исклучувањето на Русија од СВИФТ ќе предзвика огрмона штета на тамошниот банкарски ситем затоа што банките нема да имаат пристап до пари, но штета ќе трпат и другите економии. Според проценките најголема штета од оваа после Русија би претрпела Германија.

За санкциите кон Русија и ефектите од нив во својата колумна денеска пишува и министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој вели дека ако Русија биде исклучена од СВИФТ плаќањата за гас и нафта ќе станат невозможни, ќе биде прекинато снабдувањето што ќе има драматични последици по цените. Тоа ќе ги загрози и стоковите резвери на државите кои без тоа не беа полни, а ќе биде невозможно да се обноват во текот на летото.

Што се однесува дио другите санкции кои Европа ги воведе кон Русија, аналитичарите велат дека тие ќе имаат негативно влијание на руската економија, но ако траат подолго штети ќе има за сите.

Москва најавува реципрочен одговор на европските санкции. Меѓудругото, се спомнува замрзнување на имотите на европските компании во Русија.