СТ. ПЕТЕРСБУРГ (Ројтерс) – Русија размислува за издавање суверена еврообврзница, бидејќи пазарните услови се моментно поволни, рече министерот за финансии, Антон Силуанов.
Во март, Русија покрена три милијарди долари во новата еврообврзница, деноминирана во долари, и 750 милиони евра во дополнително издавање на постојната еврообврзница изразена во евра.
“Ние би позајмиле сега веројатно под подобри услови отколку на почетокот на годината”, изјави Силуанов за новинарите на маргините од економскиот форум доцна во петокот.
Тој одби да каже дали тоа може да се случи овој месец или подоцна.
Сергеј Сторчак, заменик-министер за финансии, во саботата беше цитиран дека Русија може да ја дополни постоечката еврообврзница, деноминирана во истите валути како порано.
Во изјавата за новинарите на маргините од министерскиот состанок на Г-20 во Јапонија, Сторчак не ја исклучува можноста Русија да се приклучи на пазарот по втор пат оваа година, според руските новински агенции.
ВТБ Капитал, инвестициска банка што ги организираше најновите изданија на еврообврзници во Русија, изјави за Ројтерс оваа недела дека условите на пазарот се поволни за еврообврзницата.
Говорејќи за нафтата, Силуванов рече дека не би било фер за руската влада да им плати на нафтените компании за недостатоците со кои би можеле да се соочат поради глобалниот договор за намалување на производството што го потпишаа Русија и другите големи производители на сурова нафта.
Игор Сечин, претседател на рускиот нафтен гигант “Роснефт”, оваа недела изјави дека компанијата разговара за можни надоместоци со владата во случај да се продолжи глобалниот договор за намалување на понудата.