Русија во одговор на серијата санкции на САД оваа година, ветува дека ќе ги забрза напорите заедно со Кина и Иран да престане да го користи американскиот долар во глобалната трговија, особено во продажбата на нафта, која е од витално значење за Москва и Техеран.
Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за магазинот „Меѓународни односи“ изјави: „дојдено е време кога треба да преминеме од зборови на акции и да се ослободиме од доларот како средство за меѓусебна соработка и да погледнеме во други алтернативи.“
„Фала му на бога ова се случува и ние ќе ја забрзаме оваа работа“, рече тој во насока на преземање „одмазнички мерки“ како одговор на растечката листа на санкции на САД.
Иран, кој исто така беше цел на неколку американски санкции оваа година има слични причини да ја напушти употребата на американскиот долар, кој со децении беше главна светска резервна валута и средство за размена на нафта, бакар, злато и други витални стоки.