Русија најверојатно ќе подготви листа на ограничувања за увоз на одредени производи од САД како одговор на американската царина за увозот на челик и алуминиум, соопшти Министерството за трговија на Русија.
„Ние ќе подготовиме наше мислење, ќе го доставиме до Министерството за економија и ќе се обратиме до Светската трговска организација“, рекол заменик-министерот за трговија, Виктор Јевтуков.
Додал дека најверојатно ќе подготват предлози со противмерки, односно рестрикции на увозот на американска стока.
„Американските царини би можело да ги чинат руските производители на челик две милијарди долари, а оние кои произведуваат алуминиум милијарда долари“, рекол Јевтуков повикувајќи се на прелиминарни проценки од руското Министерство за трговија. Притоа не е јасно дали проценките се однесуваат на годишно ниво.