Русија би требало да воведе национални платежни картички до крајот на 2015 година, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.
Тој рече дека државата мора да ја промени сегашната ситуација каде што повеќе од 90 проценти од Русите се корисници на странски платежни картички, како Visa и MasterCard.
“Мораме да покренеме користење на сопствени платежни картичкити оваа година”, изјави Путин пред новинарите на последниот ден на самитот на членките на BRIKS и додаде дека картичките треба да бидат достапни и во странство.
“Најмалку 97 проценти од клиенти во Русија имаат MasterCard и Visa картички. Дали е тоа нормално? Не! “, додаде тој.
Според него, многумина мислат дека економијата е надвор од политиката, а се покажа дека тоа не е случај бидејќи се покажа дека таа често се користи како инструмент за политичка борба.
“Затоа Русија треба да донесе одредени одлуки, но тоа не значи дека Русија ќе “изгради ѕид” околу нејзините граници”, рече тој.
Путин истакна дека Русија ќе ги искористи сите средства за соработка со сите земји на Запад, како и со земјите од Азија.