Руската влада, преку централната банка на Русија откупува околу две третини од целото злато екстратирано на својата територија.Таа го откупува од локалните банки и го додава на златните резерви на Кремљ.
Ова е добар бизнис и за локалните банки.Тие позајмуваат капитал на рударските компании а потоа ги наплаќаат своите кредити во злато произведено од истите.Централната банка потоа им овозможува сигурен откуп на овие златни резерви.
Според World Gold Council, руската централна банка ги зголемила златните резерви за 163 тони или вкупно 1 778 тони.Со тоа тие и се приближуваат на Кина чии што златни резерви изнесуваат 1 842 тони. Русија воедно е и најголемиот купувач на злато во светот, а трет најголем производител.
Една од причините за ова се санкциите наметнати врз Русија.Поради тоа банките , а посебно државните се исплашени од евентуална експанзија на санкциите и замрзнување на дел од нивниот капитал во странство. Оттаму инвестирањето во злато за нив е многу посигурно во оваа ситуација.