Жител на рускиот град Сочи денеска убил двајца извршители кои дошле да му ја запленат куќата во којашто живеел поради долгови и да му го исфрлат семејството на улица, јавија локалните медиуми.
Извршителите дошле да го спроведат судското решение, но човекот веднаш ги застрелал двајцата службеници.
Одма после убиството, убиецот на камерманите им објаснува прилично смирено зошто го извршил убиството.
Полицијата го привела убиецот, е наведено во соопштението.