Западен Балкан може да стане алтернативна локација за директни странски инвестиции, се наведува во извештајот на Виенскиот институт за меѓународни истражувања (WIIW).
Според извештајот, причините за тоа се недоволно искористената работна сила и подобрената инфраструктура.
Во извештајот на WIIW за регионален бизнис се вели дека приливот на директни странски инвестиции во 2018 година е под влијание на глобалните фактори, како што се санкциите кон Русија, царините на САД, брегзитот, дигитализацијата.
Според податоците на централните банки на земјите од регионот, најголем инвеститор во петгодишниот период во регионот е Русија, по што следуваат Австрија и Норвешка.
Словенија привлече најголем дел од инвестициите, а во таа земја соседна Австрија инвестираше 16,4 милијарди евра во период од пет години. Во исто време, во деветгодишниот период 2005-2013 Австрија е најголем инвеститор во Србија со 2,3 милијарди евра.