Руската економија порасна за 4% на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, објави руската Федерална државна служба за статистика (Росстат).
На растот на економијата, според извештаите, најмногу влијаеле прометот на големо, кој во вториот квартал пораснал за 8,3 отсто на годишно ниво, како и прометот на мало за 7,3 отсто и преработувачкото производство за 7,3 отсто.
Економијата забави во однос на првиот квартал од 2024 година, кога растот на рускиот БДП на годишно ниво беше забележан за 5,4%, пренесува Комерсант.