Руската Централна банка денеска најави дека ќе ја намали својата главна каматна стапка на 6,5 проценти до крајот на годината, стапка која ќе остане на сила и во текот на 2019 година.

 

Руската Централна банка денеска најави дека ќе ја намали својата главна каматна стапка на 6,5 проценти до крајот на годината, стапка која ќе остане на сила и во текот на 2019 година.

Банката информираше дека процесот на кратење на стапката е при крај, откако успеа да ја сведе инфлацијата под посакуваното ниво од 4 проценти. Стапката моментално изнесува 7,25 проценти и банката смета дека со нејзино намалување ќе ја поттикне економијата.