Руската Централна банка размислува повторно да им помогне на две банки со повеќе од 1 билион рубљи (17 милијарди долари) на кои прв пат им исплати пари минатата година, за да го „спасат“ своето работење, изјавија три извори кои се запознаени со ситуацијата.
Руските банки се тешко погодени од последиците од западните санкции поради анексијата на Крим во 2014 година и економското влијание од остриот пад на цените на нафтата на девизната заработка на земјата.
Централната банка во 2017 година ги спаси приватните банки Otkritie, B&N Bank и Promsviazbank и затвори десетина мали банки во склоп на поширокото чистење на секторот ослабен поради зголемување на лошите кредити и одливот на депозити.
До крајот на 2017 година, Централната банка обезбеди повеќе од 1,5 билиони рубљи за подобрување на ликвидноста и капиталот на овие три банки. Некои од тие средства се надоместени, додека од друга страна, од „Otkritie“ веќе кажаа дека повторно им се потребни пари.
Инвестицијата од 1 билион рубљи за која сега се расправа се однесува на подружниците на банките „Otkritie’s Trust“ и „B&N’s Rost“ и тој износ веројатно ќе биде најголемиот исплатен досега, изјави извор близок до една од банките.