Русија се откажа од купување девизи за девизните резерви со цел да се  избегне создавање дополнителен притисок врз слабата руска рубља, рече рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.

 

“Девизи не се купувани туку купувањето ќе се спроведе во иднина, само што набавките ќе бидат направени подоцна, за да не се влијае дополнително врз девизните пазари”, рече Силуанов, потврдувајќи ги извештаите на медиумите дека руското министерство не купувало странски валути.

Тој додаде дека Русија ќе успее да најде домашни купувачи за државни обврзници, кои ќе ги заменат странските инвеститори во случај Вашингтон да воведе санкции за одржување на рускиот долг.