Претседателот на еврогрупата, Марио Сентено предупреди дека сѐ уште има силно спротивставени мислења во однос на планот на Франција и Германија за утврдување на буџетот на Еврозоната, неколку дена пред Самитот на Европската Унија, каде ова прашање треба да биде дискутирано.

„Разликите по прашањето остануваат во однос на потребата и можните својства на буџетот на Еврозоната“, изјави Сентено, кој е и министер за финансии на Португалија.

Тој го повика претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск да подготви преговори на високо ниво за реформирањето на Еврозоната.