САД ја објавија црната листа, на која се наоѓаат 28 кинески државни и приватни организации и компании.
Во образложението стои дека овие компании се нашле на црната листа поради нивната наводна поврзаност со насилство над етничките Ујгури во кинеската провинција Синкјанг со мнозинството муслиманско население.
Тие се сега на таканаречената „Ентитетска листа“, која им забранува купување на производи од американски компании без одобрување од Вашингтон.
Забрани добија и неколку владини агенции, како и технолошки компании специјализирани за опрема и надзор, пренесува ББЦ.
Ова не е првпат Вашингтон да воведе трговска забрана на кинеските компании, а најпознат е случајот со телекомуникацискиот гигант Хуавеј, кој се наоѓа на оваа листа поради безбедносни прашања.