САД неофицијално се обратиле до Саудиска Арабија и уште неколку земји членки на ОПЕК со молба да го зголемат производството на нафта за еден милион барели дневно за да спречат раст на цената на бензинот, објави „Блумберг“.
САД тоа го направиле бидејќи цената на нафтените деривати во земјата достигнала тригодишен максимум. Според изјави на соговорници на „Блумберг“, молбата од САД ја разгледувале министрите за енергетика на Саудиска Арабија, ОАЕ, Кувајт и Оман