Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги повика директорите на европските банки да ја зајакнат контролата врз спроведувањето на американските санкции против Русија.
– Ги повикувам сите институции овде зајакнато да се придржуваат до мерките и уште повеќе да се фокусираат на руските обиди да ги избегнат санкциите, рече Јелен.
Таа изјави дека санкциите воведени во декември 2023 година ги попречиле напорите на Русија за производство на стоки неопходни за војната во Украина, но во исто време додаде дека треба да се направи повеќе на тоа поле.