САД одлучија да ги повлечат царините за челик и алуминиум од Канада и Мексико, а тие земји ќе ги повлечат реципрочните мерки што ги наметнаа за американски производи, соопшти АП повикувајќи се на неименувани американски и канадски извори.
Со ваквата одлука би била отстранета главната пречка за влегување во сила на новиот договор, кој ќе го замени Североамериканскиот договор за слободна трговија, наведува американската агенција.
Воедно, се потсетува дека американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година наметна царини од 25 отсто за увоз на челик и од 10 отсто за увоз на алуминиум од Канада и Мексико.
извор: Makfax