Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот потпиша указ со кој за две години се продолжува ослободувањето од царини за увоз на алуминиумски челик од ЕУ во САД, објави Белата куќа. Даночното ослободување важи до крајот на декември 2025 година.
„Продолжуваат дискусиите со ЕУ за задоволителни алтернативни средства за елиминирање на опасноста увозот на челик и алуминиум од тие земји да ја загрози националната безбедност на Соединетите држави“, најави Бајден.
Дополнителни царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ воведе претходникот на Бајден, Доналд Трамп, но Бајден не ги укина, туку само привремено ја суспендираше нивната важност. Трамп ги зголеми царините за челик од ЕУ на 25 отсто и за алуминиумот на десет отсто.
ЕУ воведе одмазднички мерки за различни американски стоки, но по заминувањето на Трамп и доаѓањето на Бајден во Белата куќа, привремено ги суспендираше.